МакедонијаСиндикат

САДУ ја одржа VII синдикална школа

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство:

📚 VII СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА САДУ 2026

Во рамки на VII Синдикална школа на САДУ, синдикалните претставници и членови се информираат, едуцираат и подготвуваат за новите законски решенија уште во фазата на нивната изработка и пред нивното донесување.

Во периодот од 29.09.2026 до 01.10.2026 година се одржа VII Синдикална школа на САДУ во х.Цар Самуил во Струмица.

🎯 На школата се одржаа три панел дискусии кои се однесуваат на:

🔹 Безбедноста и здравјето при работа – измените на Законот за БЗР и Националната стратегија за БЗР 2026–2030;

🔹 Работните односи – изработката на новиот Закон за работни односи и неговата примена;

🔹 Административните службеници – новиот Закон за административни службеници.

Синдикалните претставници и членови се запознаа со новите законски решенија, учествуваа во дискусијата и се подготвуваат за нивната идната имплементација.

👥 На панелите учествуваат професори, правни експерти, стручни лица од областа на БЗР, инспектори и други професионалци, овозможувајќи директна размена на знаења, искуства и ставови.

🤝 Информиран и обучен синдикат е подготвен синдикат.