МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: МТСП и АВРМ да ги контактираат работниците кои добиваат откази за да не се прават собири

   Време за читање 1 минута

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара од надлежните институции пред се МТСП и АВРМ да ги контактира работниците кој добиваат откази, со цел да се сопре собирање и групирање, како што сме сведоци денес, велат од КСС.

„Надлежните да изнајдат можност да се згрижат сите овие работници и да се изнајде итно решение со кое и тие ќе можат да добијат одреден надоместок со кое полесно ќе ја поминат настаната криза“, велат од КСС.

КСС испраќа апел до сите работодавачи кој се во ваква положба да бидат искрени и чесни со работниците и да постапат на начин со кој ќе им овозможат и тие да можат да добијат помош согласно мерките кој се донесени и да не се злоупотребува трудот, затоа што сите ние имаме семејства, затоа што тие исти работници ќе им бидат потребни во иднина.

„Да изградиме доверба и да покажеме солидарност е најпотребно сега, но ќе биде потребно и во иднина, па затоа треба сите да размислуваме за колективот затоа што само така може да градиме просперитет и да ја победиме пандемијата што не демне и нанесува штета не само на бизнисот туку и на работникот“, велат од КСС.