КСС на Меѓународен семинар за безбедност и здравје при работа, ја претстави ситуацијата во Македонија
Од 7 до 9 декември, во Вилинус, Литванија се одржа меѓународен семинар на тема: Стратешка рамка на ЕУ за безбедност и здравје при работа 2021-2027 година.
На семинарот свои учесници имаше и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС. Имено, свое излагање имаа членовите на Советот за БЗР при КСС. Тие ја претставија ситуацијата во Македонија, а потоа учествуваа и на тркалезна маса на тема: Проценка на ризик на работното место и претставници на работниците за БЗР.

