Синдикат

КСС зеде учество на меѓународниот семинар на тема „Безбедност и заштита на „меки цели“ во организациите: Нови форми на закани за вработените”

Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:

Во периодот од 11 до 12 јуни 2026 година, во Ружомберок, Словачка, се одржа меѓународен семинар на тема „Безбедност и заштита на „меки цели“ во организациите: Нови форми на закани за вработените”, организиран од страна на Independent Christian Trade Unions of Slovakia (NKOS) и European Centre for Workers’ Questions (EZA).

На семинарот присуствуваа синдикални претставници од повеќе европски земји, експерти за безбедност и претставници на работодавачи.

Програмата беше високо интерактивна и опфаќаше експертски предавања, панел-дискусии, работни групи и анализи на реални случаи, овозможувајќи конкретна размена на знаења и искуства меѓу учесниците во време кога институциите се соочуваат со сè посложени безбедносни предизвици.

Во фокусот на работата беа следните тематски области:

☑️Идентификација на ризици: анализа на закани специфични за институционалните средини

☑️Кризен менаџмент: градење на вештини за ефективно планирање, брза реакција и поддршка по инцидент

☑️Практични алатки: изработка на интерни безбедносни протоколи и шаблони за кризни планови

☑️Размена на добри практики: споделување искуства меѓу експерти и учесници од различни земји на ЕУ

🎯Претставниците на КСС земаа активно учество во панел-дискусијата на тема „Улогата на синдикалните претставници во развојот на организациски планови за управување со кризи”, каде што ги презентираа состојбите и предизвиците со кои се соочува Македонија, особено во поглед на ранливоста на јавните институции, новите форми на ризик за вработените и потребата за посистематски пристап кон безбедносната подготвеност.

КСС останува цврсто посветена на унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа и на активното учество во меѓународната синдикална соработка 🤝