Генералниот секретар на КСС учествуваше на 24-тиот состанок на Извршниот комитет на Пан-европскиот регионален совет (PERC)
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:
Генералниот секретар на КСС учествуваше на 24-тиот состанок на Извршниот комитет на Пан-европскиот регионален совет (PERC) во Брисел. На состанокот беа разгледани Акцискиот план на PERC за 2027, подготовките за Генералното собрание, се разгледаа извештаите на Комитетите за жени и млади, како и приоритетите на ITUC.
Во текот на посетата се одржаа средби со Генералната секретарка на PERC, Естер Линч и претставници на синдикати од повеќе земји.

