НовостиСиндикат

КСС на Школата за жени на PERC – Тема: Конвенција за елиминирање на насилство и вознемирување на работно место

   Време за читање 1 минута

PERC Школа за жени: Справување на синдикатоте со насилство и сајбер насилство во светот на работата, во рамки на промоција и имплементација на Конвенцијата на МОТ, 190.

Темата на овогодинешната PERC школата за жени, која се одржа на 01 и 02 октомври 2024 година во Софија, Бугарија е Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работното место.

📌 Конвенцијата го признава правото на секое лице на работа без насилство и вознемирување, вклучително и родово-базирано насилство.

📌 Конвенцијата ги штити работниците, независно од нивниот договорен статус, лицата на обука, вклучувајќи ги стажантите и практикантите, работниците чијшто работен однос престанал, волонтери, баратели на работа и кандидати за вработување и лицата што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавачот.

📌Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работното место е првиот меѓународен инструмент кој го адресира насилството и вознемирувањето при работа.

📌 Каква е димензијата на родовото насилство во синдикалните преговори?

* Националното искуство покажува дека сеуште сме во фаза на подготовка на првичниот извештај за примена на Конвенцијата (C 190) .