МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Невработените да се ослободат од режиските трошоци за струја

КСС - Работник
220views

Последните истражувања и информации кои редовно стигаат до нашата служба, посочуваат на тоа дека се поголем број на работници ја губат својата работа, особено оние работници кои се во сивата економија, а кои се во огромен број, соопштија од Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС. 

„Економските параметри јасно покажуваат дека јавната потрошувачка значително се намалува од месец во месец што укажува на тоа дека граѓаните веќе се во многу лоша економска состојба или едноставно кажано во сиромаштија која најмалку ја посакуваме“, посочија од КСС. 

Велат дека сите граѓани се на удар од економската криза, секој се бори за парче леб, неизвесно е што не очекува и на сето тоа државата реагира со покачување на режиските трошоци на граѓаните?

Сметаат дека покачувањето на сметките за струја, како и покачувањето на акцизата за нафтените деривати директно се на товар на граѓаните и остро реагираат против ваковиот алчен и неразумен пристап кон граѓаните.

„Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија БАРА од државата да се ОТКАЖЕ од наплата за користење на ресурсите на струја и вода кои ги поседува  државата и да нема побарување за истите од НЕВРАБОТЕНИТЕ лица со што ќе покаже доблест и дека навистина се грижи за своите граѓани“ истакнаа од КСС во соопштението. 

Воедно известуваат дека извршителите веќе се во постапка за наплата на оние кои не ги платиле своите режиски трошоци не поради своја волја, туку поради кризата која се наталожи врз грбат на граѓаните изминатиот период, а допрва следи и покачување на истите.

Порачуваат дека од ден во ден е појасно дека доколку не се земат во предвид сите наши предупредува кои редовно и навремено ги испраќаме до надлежните и до јавноста, следи социјална криза.