МакедонијаСиндикат

КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати:

ПРВОМАЈСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

„Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“

📢 По повод 1 Мај – Денот на трудот, како синдикат ја организираме Првомајската конференција, која ќе се одржи на 30.04.2025 година, непосредно пред празникот на трудот.

Конференцијата има за цел да ја истакне важноста на работничките права, праведната транзиција и ефикасната јавна администрација.

✅ Веруваме дека само преку силен социјален дијалог можеме заеднички да ги решаваме сите општествено-економски предизвици и да изградиме подобро и поправедно општество за сите работници.

🔵 На конференцијата ќе се дискутира за:

• Примената и потребите од нов или реформиран Закон за работни односи

• Реформирање на Законот за административни службеници

• Праведна транзиција: влијанието на дигитализација врз работниците

✊ Работничките права не се даваат – тие се освојуваат преку соработка, дијалог и борба!

#ПрвомајскаКонференција#ДенНаТрудот#СоцијаленДијалог#ПраведнаТранзиција#РаботничкиПрава