МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Предлагаме старосна граница од минимум 3 до 5 години за предвремено пензионирање

КСС: Предлагаме старосна граница од минимум 3 до 5 години - Работник
7.02Kviews

Во однос на најавата за предвремено пензионирање во јавниот сектор како мерка за намалување на вработените, изминатиот период Конфедерација на слободни синдикати на Македонија низ низа протести, соопштенија и со свои предлози го форсираше овој модел и го поздравува прифаќањето на овој модел, но додава дека сепак за да се спроведе, на овој начин, намалување на вработените во јавниот сектор, за да има позитивен ефект и истиот да го прифатат поголем број работници, предлагаме старосната граница за пензионирање да биде од минимум 3 до 5 години предвремено пензионирање или од 59 до 61 години за мажи и 57 до 59 години за жени, соопштија од КСС. 

„Доколку работниците предвремено одат во пензија процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64 односно 62 години“, велат од КСС. 

Воедно, КСС бара итно да се изнајде модел, решение и средства да се обештетат сите работници кои ја изгубиле својата работа по било каков основ, технолошки вишок, отказ на работно место, не продолжување на договор на определено време, не продолжување на договор преку агенција за вработување, принудно затворен бизнис поради уредбите од страна на Владата или пак работници од сивата економија, потребно е сите да бидат обештетени, бидејќи тоа се граѓани кои што овој момент немаат никакво примање, се наоѓаат во многу лоша состојба и не се во можност да ги платат своите режиски трошоци.

Побараа од Владата овие работници да бидат ослободени од плаќање на режиски трошоци затоа што државата е сопственикот на ресурсите за струја и вода.