КСС присуствуваше на Регионална конференција за синдикално здружување
Во периодот од 12-14 Јуни 2024 година, делегација од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) составена од раководството на Синдикат на полиција во Македонија, присуствуваше на Регионалната конференција “Градење брз, сеопфатен и ефективен одзив на затворање простор за слобода на здружување” во Тбилиси, Грузија, во организација на “Solidarity Center” од САД, Регионален центар за Грузија. Главната цел на конференцијата беше да се воспостави мрежа на здружени синдикални организации за да се изгради систем за препознавање на тоа како затворањето на демократскиот простор претставува закана за независните синдикални движења во Евро-Азискиот регион и да се развијат алатки за спротивставување на таквите закани на национално и регионално ниво. Процесот се одвиваше во дискусии за нападите врз синдикалните права во Евро-Азискиот регион, поврзани со затворањето на граѓанскиот простор во регионот и воспоставување на развој на алатки со партнерите на синдикатите за да се помогне во нивно решавање. Од претставниците на правниот сектор на центарот и главниот координатор на конференцијата, беа спроведени неколку работилници во кои се претставени механизмите и алатките кои можат да се употребуваат за спречување на нападите врз слободата на здружување на синдикатите и здруженијата од граѓанскиот сектор на регионално и меѓународно ниво. Благодарение на пријателската атмосфера и искуствата споделени од присутните, под координација и советување од присутните раководители на регионалните центри, заклучоците беа крајно позитивни за понатамошна соработка и отворената можност за креирање на мрежа на меѓусебна соработка помеѓу регионалните и националните центри и повеќе интернационални организации (ILO-Меѓународната организација на трудот, ILAW- Интернационална мрежа на адвокати за помош на работниците, UN- Обединетите нации). Исто така е земена во предвид и можноста за здружување на синдикалните движења со здруженијата од граѓанскиот сектор на национално ниво кои понатаму би помогнале и би го поедноставиле процесот на детектирање и спречување на таквите закани што би било од взаемна корист и ефективен начин за исполнување на целите и можноста за слободно здружување.
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025