КСС против мерката предложена од СДСМ за минималец во јавниот сектор
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС реагира на вчерашниот предог на СДСМ, за намалување на платите во јавниот сектор, на минималната плата од 14.500 денари.
Соопштението ви го пренесуваме интегрално:
Вчерашниот предлог на СДСМ, за намалување на платите во јавниот сектор, на минималната плата од 14.500 денари не испровоцира за денешното соопштение.
Прво, дали паметат дека пред 10 дена имаа предлог за покачување на минималната плата на 15 000 денари. Тогаш знаеја или не во каква ситуација е стопанството или само предлагаа популистички мерки како и секогаш. Сега се поставува прашањето како наеднаш стопанството колабира за две недели, или истото дишело на шкрги две години. Како буџетот пред две недели беше во топ форма, а сега наеднаш издиша или се држи на шкрги две години. Ајде, сега е моментот да погледнеме на вистината во очи, да ја признаеме грешката, нема повеќе простор за манипулација и во интерес на државата и целата нација да се побара помош од целата експертска јавност во државата.
Ајде, сите ќе земаме минимална плата, цел јавен и приватен сектор, никој не смее да остане без приход, ама стопанството не бара минимална плата, бара да му се помогне со ослободување на сите давачки кон државата и безкаматни кредити, што драги мои, кои во овој момент сте на пиедесталот, дојде време да се признае, каква е нашата финансиска состојба во државата и кој е одговорен за тоа.
Ветувавте брда и планини, ветувавте живот за сите, а сега, за само две недели, доаѓаме на прагот за основна егзистенција.
Нели имаме пари, добри перформанси во буџетот, каде се тие пари сега?
И сега цел јавен сектор е сведен на минимална плата од 14 500 денари, малку сиромаштија имаме, многу не можат да си дозволат ниту заштитни маски, ниту заштитни ракавици, а да не зборуваме за средства за дезинфекција. Сега треба 90% од народот да го доведеме на прагот на егзистенција и преживување. МВР, Здравство, АРМ, а што правиме со судовите, легло на корона вирус, со затворите носите потенцијални заразени кои не ги почитувале мерките за самоизолација, инспекторите по фабриките за отпуштање на работниците, пазарните инспектори, а да не зборуваме за инспекторите во земјоделие, храна и ветеринарство, дали се заштитени и опремени, во ек е откупот на јагнето, дали имате мерки преземено, или за шалтерските работници сите се изложени секојдневно на ризик, шоферите во ЈСП и да не набројуваме понатаму, сите сега со минималната плата. Браво.
Почитувани,
Задолжете се, имате начин и можност, но немојте да не деградирате и ако досега ги премолчувавме сите овие факти, сега ќе ве повикаме, нема да прифатиме минимална плата и бараме да не заштитите, тоа е и ваша должност, не само наша.
На крај мора да споменеме, најлоши сме на Балканот, ако ништо друго угледајте се на Косово и Албанија, не одете понатаму, ако не знаете прашајте затоа што оваа земја има вистински експерти и луѓе кои знаат, нема повеќе его и срам, сега сите треба да бидеме заедно и да носиме нормални и прифатливи мерки, кои ќе не извадат од оваа црна дупка каде што пропаѓаме.
Сакаме да изразиме огромна поддршка до сите здравствени работници, до Полицијата и АРМ кои и покрај недостиг на опрема за заштита даваат се од себе да ни помогнат, но и до сите вработени во маркетите кои без заштита се по цели денови на работа за да ни обезбедат основни намирници за сите нас.
Помислете и на тие што немаат пари да се заштитат затоа што, истите тие, едвај храна еднаш дневно обезбедуваат.
Заштитете не затоа што тоа е солидарност, а ние најдобро го знаеме значењето на тој збор.
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025