МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Со ВМРО – ДПМНЕ се обврзавме, синдикатот да биде вклучен во владината програма, по формирањето на Владата

1.26Kviews

По објавениот јавен повик на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија- КСС до сите политички партии, денес во просториите на СОНК се оствари средба на потесното раководство на КСС со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, соопштија од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

“Средбата се одржа за да ги искажеме нашите барања, а од негова страна да ги презентира сите наши барања кои се внесени во програмата и за кои се обврзува дека ќе ги оствари.
На состанокот од страна на КСС беа изнесени низа барања и предлози кои се всушност подолго време на нашата агенда, но досега, за жал заради урнисаниот социјален дијалог и немање социјално партнерство беа игнорирани, а тоа што го остваривме, го остваривме преку радикално делување и покрај различните притисоци кои беа вршени врз нас”, истакнаа од КСС.

Наведоа дека биле истакнати и проблемите со кои КСС се соочи изминативе години како насилно преземање синдикати, отказни решенија за синдикални лидери итн., како и проблеми со кои се соочуваат низ институциите како најголем синдикат во јавниот сектор.

Посочија дека од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, бил презентиран дел од програмата каде што се обврзуваат да исполнат дел од нашите барања, а за дел искажа особено задоволство да бидат внесени во програмата, како конструктивни предлози, кога ќе биде формирана новата влада.

Исто така, како што велат од КСС, тој изразил голема загриженост за случувањата и прогонот на нашиот синдикат од страна на актуелната влада, што, според нив, ќе биде минато, и еден од главните сегменти на функционирање ќе биде социјалниот дијалог низ кој ќе се решаваат настанатите проблеми, а местото на социјалните партнери ќе биде во Економско социјалниот совет, за кој што се обврзал дека ќе имаат поинаков пристап и ќе биде подигнат и развиен на ниво како што е во развиените и просперитетни држави.

Од КСС истакнаа дека двете страни се обврзале дека после формирањето на новата влада синдикатот ќе биде вклучен во изработката на владината програма која што ќе биде значително надградена и попросперитетна во однос на социјалните партнери и сите работници во државата.