КСС УТРЕ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ШВЕРЦЕРСКОТО НОСЕЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Носењето на Законот за административни службеници на шверцерски начин е причината поради која Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија утре ќе организира протест пред Собрание.
“Утре во 12:00 часот пред Собранието на Република Макеоднија ќе го искажеме својот револт во кој дел од пратениците се обидуваат на шверцерски начин без јавна дебата да ги донесат измените на Законот за административни службеници со кои ни се крати правото за усогласување на платите за 2024 и се крши Законот за минимална плата во членот 8.
Каменот на сопнување на потпишување на Општиот колективен договор кога го изразивме нашето противење, сега излегува на површина и не враќа неколку години назад каде ги баравме нашите права од законите и колективните договори”, стои во известувањето на КСС.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024