Културните работници за буџетот на Министерството за култура: Кратењето во културата нема да ги затвори другите финансиски дупки во државата

Буџетот за култура за 2023 година е доста намален односно за околу 30 проценти во споредба со претходната година. Културните политики треба да ги креира Министерството за култура и од таму треба да знаат дека поради енормната инфлација во земјава дури и да беше ист како претходната година буџетот немаше да ја има истата вредност.

Кратењето во културата нема да ги надополни средствата кои се потребни за затворање на други финансиски дупки во државата. Програмата годинава секако ќе се скрати велат за Телма телевизија од Синдикатот на Култура.