Кумановец со остар предмет нападнал вработена во болница: И ставил чаршаф преку главата и започнал да ја дави и удира
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Според информациите од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира.
Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги земал ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се оневестила.
Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ јавно го осудија а вчерашниот напад врз медицинската сестра од општата болница во Куманово.
-Ова е уште еден случај во низата на немили настани кои се случуваат години наназад, и за кои Унијата постојано апелира дека покрај сите проблеми со кои сестринството се соочува во својата професија, условите за безбедност мора да бидат на највисоко ниво.Не можеме да кажеме дека вакви несакани случувања нема да се повторат и во иднина. Затоа го потенцираме моментот дека треба да се пронајдат решенија, а не само јавно истакнување на проблемот.
Унијата смета дека е потребно да се води евиденција и да постои тек на постапка за ваквиот тип на немили настани. Да се задолжи институтот за јавно здравје да понуди решение, кој патем имаше трудови за синдромот на согорување, стресот и безбедноста на работното место. Да се овозможат рехабилитации, продолжени годишни одмори и платени специјалистички прегледи.Реакциите по основ на овие случувања не се доволни. Безбедноста на медицинските сестри на работното место е од круцијално значење за целиот здравствен систем, истакнуваат од Унијата на ЗМСТАС.
- Како македонските шивачки го одржуваат занаетот? - 25/03/2025
- Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето - 25/03/2025
- Нови цени на горивата - 24/03/2025