- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Лазаров: До каде е спремна да оди оваа неспособна Влада?

345views

Фејсбук статус на проф д-р Дарко Лазаров:

Доцнењето на вакцинацијата и неуспехот во справувањето со здравствено-економската криза не само што значи губење на стотици и илјадници животи, истовремено има сериозни негативни ефекти врз македонската економија.

Наместо економијата да се рестартира во првата половина од 2021 година, сведоци сме на уште едно економско фијаско слично на она од минатата година!

Секојднево расте бројот на невработени, се затвораат фирми, илјадници вработени од текстилната индустрија се пратени на принуден одмор, од утре слична судбина ќе имаат повеќе од 50.000 вработени во угостителскиот сектор и другите услужни дејности.

Да не заборавиме дека во првиот квартал имаме двоцифрен пад на индустриското производство и пораст на јавниот долг. Очекувањата за вториот квартал се уште полоши.

Поддршка од држава за стопанството и граѓаните нема, нема план и стратегија како понатаму, се политизира на различни неважни теми во овој момент, се местат тендери, секојдневно нови коруптивни афери и скандали.
Прашањето е до каде е спремна да оди оваа неспособна Влада?