МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица ветува шестчасовен работен ден: Еден газда има 100 пати поголеми примања од еден вработен!

1.53Kviews

Најголемата нееднаквост не е онаа помеѓу расите, ниту онаа помеѓу родовите, туку онаа помеѓу газдите и вработените. Еден газда во САД во просек има 265 пати поголеми примања од еден вработен. Во земјите во Европа, овој сооднос е над 100 пати. Дополнително, овој сооднос константно расте во изминатите 70 години, велат од Левица.

За Македонија е тешко да се најде ваква статистика, но земено предвид дека средната плата не е над 300 евра, просечната не е над 400 евра, а 5те најпрофитабилни компании пријавуваат годишен профит од 20 до 40 милиони евра, тешко е да се замисли дека нееднаквоста во Македонија е значително пониска од таа во САД и Европа. Впрочем, GINI индексот баш вели дека нееднаквоста е на слично ниво.

Додадено и огромната невработеност во Македонија, мерки кои најефикасно би ја намалиле оваа нееднаквост се:

– намалување на работното време на 6 часа (33% зголемување на побарувачката на работна сила) без намалување на платите
– прогресивно даночење на профитот на компаниите и приходите на индивидуите
– прогресивно даночење на стекнатото богатство на олигархијата
– државна помош за компаниите кои прават пониски добивки и не можат ова да го оздржат и нивно претварање во јавно-приватни претпријатија

Вакви мерки единствено има во програмата на Левица. А ако сакате рамни и пониски даноци, тука ви се ДПМНЕ со своите 8% рамен данок на се, или СДСМ со Анѓушев, Мијалков и Нина Групер, кои сигурно нема да дозволат да им се чепнат нивните фирми, велат од Левица.