ЛЕВИЦА: ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ СТАЖ НА СУДИИТЕ И ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ

Во тек е предлог за измени на Законот за работни односи во скратена постапка со европско знаменце само за судиите и обвинителите кој е преседан и не треба да се премолчи.
Со предлог измените на Законот за работните односи се предвидува можност за судиите и јавните обвинители да го продолжат работниот стаж до 67 години иако во член 104 од Законот за работни односи е предвидено дека „Договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено.“
Со овој предлог Закон се дава можност на Судскиот совет односно Советот на јавни обвинители да го продолжат мандатот на судиите и јавните обвинители до наполнување на 67 години возраст на судијата односно јавниот обвинител.
Ова дискриминаторско решение само покажува колку е нефункционална судската власт во поглед на начинот на избор на судии како и планирањето на потребниот број на судии во судовите во сите инстанци.
Со продолжување на работниот стаж на судиите се дискриминираат стручните соработници кои со години ја работат судската работа и се усовршуваат за судксатљ функција.
Недостигот на судии во судовите не се решава со продолжување на “мандатот” на судиите туку со нови кадри кои треба да произлезат од Академијата за судии и од стручните служби во судовите.
Дали ова кажува дека е неефикасно решението за избор на судии преку Академијата за судии и јавни обвинители па сега во последен миг се интервенира со Законот за работни односи? Или пак воопшто не се планира одливот на судии по било кој основ???
Недовербата и незадоволството на народот од судската власт која се покажа на загрижуваачко ниско ниво од само 8 проценти треба да биде алармантно за третиот столб на властта. Но, наместо во таа насока да се работи и да се вложува преку подобрување на условите во судовите кои се ужасни. Пример во Основниот граѓански суд Скопје фасадата на зградата е опасна по живот, судниците не се опремени за тонско судење во поголемиот број на судови во Македонија, судници со прокапани плафони. Но, затоа утописки се најавува на голема врата дигиталното судство?!?!. Понатаму кадровски проблеми од аспект на недоволен број на судиии односно голем број на судии кои одат во пензија, а дури постојат и судови кои функционираат само со претседател на суд но не и со други судии . И сите проблеми магично ќе се решат со промена на Законот за работни односи и тоа во скратена постапка и враќање на судиите и обвинители кои веќе беа спремни да се пензионираат, а кои беа потрошени и демотивирани да работат.
Иако Левица се залагаше за промени во Законот за работни односи со цел заштита на правата на обичниот работник и тоа преку заштитата на работниците во случај на невработеност со цел истата да се изедначи со апанажата на пратениците, како и скратување на периодот на работа на определено време сепак за овие промени за обичниот работникочигледно тоа нема да биде проблем пак за судиите и јавните обвинители за кои се интервенира во ЗРО и тоа крајно дискриминаторски да работат до 67 години, за разлика од сите сите останати вработени во приватниот и јавен сектор кои ќе се пензионираат на 64 години возраст.