МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица: Субвенциите за вработување по етничка линија водат кон поголема нетрпеливост

Работеле на 40 часа - Работник
113views

Фејсбук статус на Левица: 

СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊА ПО ЕТНИЧКА ЛИНИЈА ВОДАТ КОН УШТЕ ПОГОЛЕМА СИРОМАШТИЈА И ЕТНИЧКА НЕТРПЕЛИВОСТ

❗Продолжуваат манипулативните политики од криминалната коалиција предводена од СДС и ДУИ со најавите од првиот заменик-премиер Артан Груби, за воведување на субвенции за фирми кои што ќе фаворизираат граѓани од определени помали етнички заедници при вработувањата.

❌Оваа мерка е крајно несериозна и евтин медиумски трик со кој што оваа коалиција се обидува да добие што е можно поголем број на поддржувачи и идни гласачи од етничкиот албански електорат, иако е јасно дека мерката е дискриминирачка во однос на другите етнички заедници.

✅Левица се залага да се напуштат позитивните ЕТНИЧКИ дискриминации каде што се создава фаворизирање на одредена група на граѓани поради нивната етничка припадност. За градење просперитетна држава, императив мора да е квалитетот, искуството и степенот на образование на кандидатите за вработување – соодветен кадар на соодветно место и потребно е да се воведе ПОЗИТИВНА СОЦИЈАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА, која што е далеку поправична за сите граѓани на Република Македонија!

➡️Преку воведувањето на позитивна социјална дискриминација првенство при вработувањата ќе имаат самохраните родители, децата без родители, лицата од социјално загрозени семејства и сите останати слични на нив кои што водат егзистенцијални битки секојдневно поради класната нееднаквост во нашево општество.

Со ова ќе воведеме правично распределување на работните места и ќе помогнеме сите граѓани, независно од нивниот етникум, да имаат еднакви и правични шанси за достоинствен живот.