- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Лекар на возраст од 41 година од Боговиње почина од Ковид-19

Од коронавирус- Работник
264views

Матичниот лекар Дашмир Дервиши од тетовско Боговиње почина поради последици од Ковид-19, објави месната заедница од Боговиње на нивната Фејсбук страница. Доктор Дервиши на возраст од 41 година, имал своја ординација во Боговиње, пренесува АлсатМ.

Градоначалникот на Богивиње, Албон Џемаили на својата Фејсбук страница исто така објави за смртта на сограѓанинот.

Матичен лекар – Работник

Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ги слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател Дашмир Дервиши. Нека почива во мир, истакна Џемаили.

На седми ноември на 50 години поради Ковид-19 почина и радиолог д-р Владимир Ефтимовски вработен во тетовската Клиничка болница.