НовостиПравдаСветот на работникот

Лекција по трудово право: Правото на штрајк од еден поинаков агол

   Време за читање 2 минути
Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Правото на штрајк од еден поинаков агол
Имајќи ги во предвид актуелните состојби во земјата, како и аспектот на лаги и манипулации кои се во оптек, вклучително и кон мене, еве неколку интересни информации за штрајкот… да научи некој нешто де, нели….🙂
Правото на штрајк се смета за основно социјално право на работниците и нивните организации – синдикатите, со цел заштита и унапредување на нивните професионални, економски и социјални права и интереси. Терминот штрајк потекнува од англискиот јазик од изразот to strike sail што значи „да се спуштат едрата“, односно да се запре пловењето. Во таа смисла терминот strike се употребува во трудот како прекин на работата. Овој термин е одомаќинет во македонската терминологија и во трудовоправните односи. Во француската терминологија се среќава изразот la grève кој потекнува од обичајот работниците да се собираат на еден од плоштадите во Париз и да бараат работа (La Place de la grève).
Штрајкот во разлини форми на манифестација можеме да го сретнеме низ целата историја на човештвото, како рефлексија на трудовите односи низ историската рамка, но и во правната трудова архитектура на модерните капиталистичко – пазарни економски односи, преку уставните одредби и законите. Во одредени период штрајкот е забрануван, учесниците се казнувани, за да еволутивниот пат го вгнезди во рамката која значи признавање како основно социјално право. Првите облици на т.н. штрајк го среќаваме во вид на животен факт уште во XV век пред новата ера во стариот Египет изразен со прекинот на активностите на израелските ѕидари и во XII п.н.е. на градежните работници, кои во тоа време се во ропство во Египет.
(текстот е извадок од мојот нов учебник кој е во фаза на издавање)
проф. д-р Лазар Јовевски