Лекција по трудово право: Приправнички стаж и приправници
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
ТЕМА: Приправнички стаж и приправници
Законот за работни односи го предвидува и приправничкиот стаж. Имено лице кое за прв пат започнува да врши работа соодветна на видот и степенот на своето стручно образование, заради оспособување за самостојно вршење на работата во работниот однос, склучува договор за вработување како приправник.
Приправничкиот стаж на Приправникот може да трае најмногу една година, освен ако со закон не е поинаку предвидено. Тој може сразмерно да се продолжи, но само во услови ако приправникот работел со пократко работно време, од полното, но не за повеќе од 6 месеци. Траењето на приправничкиот стаж се продолжува и кога поради оправдано отсуство приправникот подолго од 20 дена, мора да го продолжи својот приправнички стаж за истиот број на денови, секако не засметувајќи ги тука деновите од годишниот одмор. Од друга страна приправничкиот стаж исто така може и да се скрати, но не за повеќе од една третина од однапред утврдената должина на приправничкиот стаж.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека приправниците се исто што и волонтерите и волонтерскиот стаж, или практикант!
ПОТРЕБНО Е кога се вработува приправник да се остваруваат сите права од работен однос, вклучително и правото на плата!
ПОТРЕБНО Е во иднина да се уреди приправничкиот стаж на тој начин точно да се направи разлика помеѓу приправник, волонтер и практикант од аспект на работен однос!
проф. д-р Лазар Јовевски
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
ТЕМА: Приправнички стаж и приправници
Законот за работни односи го предвидува и…
Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, April 5, 2021

