ИнтервјуаНовости

Лукаревска: По пандемијата прво ќе пијам кафе со другарките, а не е на одмет и едно кратко патување

Лукаревска: По пандемијата - Работник
30views

За Сања Лукаревска, првиот човек на Управата за јавни приходи 2020 година била интересна година од даночен аспект. За 24 инфо вели дека изминатата година се реализирале неколку сета на економски мерки, но го полнеле и Буџетот. Со неа разговаравме и за неостварените желби во 2020 година, за ковид 19 кој за жал го почувствува на своја кожа, но и за приватните и професионалните планови за оваа 2021 година.

На почеток сме на Новата година. Како прв човек на Управата за јавни приходи, по што ќе ја паметите изминатава година?

Интересна беше изминатата 2020 година од даночен аспект. Неколку сета на економски мерки реализиравме, полневме и Буџет, паралелно тековните процеси ги спроведувавме и се подготвувавме за оваа 2021 година. На средината сме, меѓу одржување на ликвидност на компаниите од една страна, а од друга страна менаџирањето на долговите и обврските кои ги имаат истите. Сепак, мислам дека успеавме.

Во 2021 година имаме за цел да ставиме во оптек неколку системи и платформи за поефикасни услуги на УЈП.Автоматскиот модул за поврат и пребивање е исто така приоритет. И секако,како што кажувам во секое интервју,успешна наплата на даноците и придонесите.

Ви останаа ли многу неостварени желби од 2020 кои планирате да си ги остварите во Новата година?

Секако.Ова несекојдневно живеење, како да не остави на половина пат во дел на реализација на многу желби и планови.Желби за убав одмор, за лични остварувања на приватен план, за дружби,за одбележување на убави поводи,баш како што доликува и слично. Приватните и професионалните планови верувам дека ќе го видат светло оваа 2021 година. Желбите секако зависат и од личната заложба и позитивна мисла.Имам и многу неостварени професионални планови и јас и мојот тим во УЈП,но тие се долгорочни и треба многу труд ,енергија и секако подршка .

Во време на пандемија со ковид 19 никој не е заштитен од болеста. Ја имавте таа несреќа вирусот да го почувствувате на сопствена кожа…

За жал. Некаде на почетокот на јуни бев во изолација околу 17 дена. Кога си позитивен од корона, мора психолошки да си стабилен,да мислиш позитивно. Иако е лесно да се каже ,сепак слушавме лоши статистики и тоа делува кај секој од нас.

Целото интервју на Сања Лукаревска за 24Инфо на следниов ЛИНК.

Advertisement