Лукаревски и Бесими посетиле компании кои ќе исплаќаат 18,000 минимална плата
Фејсбук статус на Сања Лукаревски, директорка на УЈП:
Со Министерот за финансии ,Фатмир Бесими посетивме даночни обврзници,што ќе бидат дел од компаниите кои во април ќе исплатат повисока мартовска плата во минимален износ од 18.000 денари. Компаниите ја поддржуваат и поздравуваат оваа мерка особено што нејзината реализација е помогната од државата.
Ова право се остварува при поднесување на МПИН пресметка ,каде со шифра се означуваат вработените за кои ќе се бара финансиска помош. УЈП на крајот на месецот после исплатената плата ќе доставува извештај до МТСП од каде ќе се врши исплатата на финансиската помош на работодавачите.
Трудот на работникот мора да се вреднува.

