- Advertisement -
Новости

Македонија доби потврда од Фајзер, првите дози од вакцината во февруари

Македонија доби потврда од Фајзер- Работник
210views

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата, стои во соопштението на Министерството за здравство.