- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Македонија има најевтина храна и пијалaци во Европа

ПОСКАПУВАЊА: Струјата, становите - Работник
183views

Статистиката на Еуростат покажува дека во  Македонија граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци и тутун од сите 37 држави на европскиот континент.

Новата анализа на Еуростат, со податоци од 2019 година, објавена деновиве, ја сместува нашата држава на дното во Европа според трошоците за основните потрошувачки производи, или обратно, на врвот како најевтина.

За задоволување на основните потреби, плус цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61% од средствата на ЕУ просекот. На пример, доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во  Македонија истата би била речиси половина поевтина.

На второ место е Романија чии граѓани можат да купуваат храна, безалкохолни пијалоци и тутун за 65% од просекот, а потоа следуваат Полска и Турција.

Убедливо на врвот, како најскапи држави се Швајцарија (163%), Норвешка (157%) и Исланд (140%). Таму потрошувачката кошничка за овие производи надминува 140% од европскиот просек, односно за истите производи би се платиле 50% или повеќе од другите европски држави, односно повеќе од двојно поскапо од Северна Македонија.

Од земјите во регионот, БиХ (76%), Србија (78%) и Бугарија (78%) се блиску до дното, но сепак на нивните граѓани им требаат далеку повеќе средства за задоволување на прехранбените потреби.

Северна Македонија има и најевтина храна и риба, а е на второ место, зад Романија, во однос на цените на месото и лебот, како и веднаш зад Полска според цените на млекото и млечните производи.

Во делот на зеленчукот, овошјето и маслото за јадење (плус путер и маргарин),  Македонија е убедливо најевтина во Европа.