ПравдаСветот на работникот

Македонските државјани на прво место за депортација од Германија

Македонија и Албанија се двете главни дестинации на принудно враќање од Германија во првата половина на 2022 година

Во првата половина на 2022 година, германските власти протераа околу 6.200 странци од Германија. Ова го соопшти германската влада во писмен одговор на прашањето на пратеничката група на опозициската партија Левица.

Од одговорот, чиј примерок има и Дојче веле, главни дестинации биле Северна Македонија со над 450 депортирани и Албанија (над 400), а потоа следи Грузија (околу 400). Додека во Косово, Германија принудно вратила 130 поранешни баратели на азил.

Во 2020 година, Албанија беше главната дестинација на принудните враќања од Германија.

Според одговорот на сојузната влада на прашањето на партијата Левица, во првата половина на 2022 година од Германија на други дестинации биле екстрадирани околу 35 лица со 11 авиони „мини чартер“.

Вкупно 167 полицајци биле дежурни за обезбедување при екстрадицијата. Само за „летечки уреди“, како што се нарекуваат авионите во предметниот документ, германската држава во текот на првата половина од годинава платила 580.000 евра.