- Advertisement -
Светот на работникот

Македонски газда ги почестил вработените со одмор во Анталија

Газда ги почестил вработените- Работник Фото: Ммс.мк
558views

Кога ќе ја читате рубриката „верувале или не“ вообичаено очекувате настани од светот, бидејќи необични и убави нешта за оваа рубрика кај нас речиси и да не се случуваат. Уште помалку се случува да се појави газда на фирма, кој за вработените ќе се грижи како за семејство, бидејќи секојдневно во медиумите се информираме за работници кои се навикнати да им доцни плата, да им се зема „К-15“, па и помошта од државата за време на пандемијата одредени фирми си ја присвоија.

Газда ги почестил вработените- Работник
Фото: Ммс.мк

Затоа засега во рубриката „верувале или не“ во Македонија газда кој отскокнува од овој список е Новко Плаќаноски, стружанец со бизнис во Охрид. Тука му е фирмата, кафулето и ресторанот.  Летната сезона се уште не е завршена, но двата негови угостителски објекти се затворени – вработените се на одмор. Тој досега неколкупати неговите вработени ги частел одмор, но најинтересно е сега, во услови на пандемија кога на газдите им е полесно да отпуштаат, сопственикот на „ПН Метал“, ресторанот „Валентино“ и кафулето „ИТ“,  вработените со чартер лет ги испрати на одмор во Анталија, Турција.

Advertisement

Повеќе прочитајте на Ммс.мк 

Advertisement

Advertisement
Advertisement