Макрадули: Имаме потреба од 50-тина вработувања, но не планираме толку да реализираме
Мој, а и приоритет на Управниот одбор е да го подобриме технолошкиот процес во Пошта, кој има потреба од 50-тина нови вработувања, но не планираме толку во овој период и ги чекаме согласностите кои ќе ги добиеме, потврди денеска генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.
Покрај одењето во пензија, додаде, имаме и една појава која ја испитуваме сега што влијае на одвивањето на технолошкиот процес зашто Согласно Закон, мораме да ги покриеме сите региони со поштари.
-Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во држава, но сепак законот им дозволува и затоа во вој момент трпи одреден дел од доставата, прецизира Макрадули.
Нагласи дека има и одредени места низ државата каде нема внатрешен кадар со високо образование што може да го префрлат или да го преместат.

