Мал број вработени ќе ќарат од субвенционирањето на платите
Приоритетен владин проект е поддршката за повисоки плати и за развој на компаниите, смета премиерот Димитар Ковачевски. Тој неодамна, на трибина во Штип, се пофали дека за работниците во приватниот сектор обезбедена е поддршка за поголеми плати, а со тоа се дава можност тие да ги зголемат платите на вработените од 3.000 до 9.000 денари.
-Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата. Досега преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од неговото воведување до денес поддршка имаат 919 компании со 100 милиони евра. Изминативе 6 години финансиската поддршка од државата кон домашните компании ја зголемивме за 11 пати, кажа Ковачевски.
Наспроти Ковачевски компаниите се незадоволни од најавената мерка, оти како што велат со неа ќе бидат опфатени мал број работници. Реагираат и економските експерти посочувајќи дека многу компании ќе извисат. Како што укажува Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, Владата определила висока граница за најниско зголемување на платите од 3.000 денари и највисоко зголемување од 9.000 денари. Според него со тоа се избегнува да се опфатат компаниите, кои ќе ја зголемат платата за помалку од 3.000 денари.
Повеќе на Вечер.Прес