Маските за лице се продаваат по 5,000 евра по парче
Финансиската полиција Гуарда ди Финанза во Италија соопштила дека ги открила луѓето кои продаваат маски за лице по цена до 5,000 евра од парче.
Трговците по пат на интернет кои наплатуваат неверојатно високи цени за маските за лице и други производи кои се огласуваат како заштита од корона вирусот, соочени се со кривични пријави во Италија.
Освен што цената е надувана до неверојатни размери, продавачите по пат на интерент лажно тврдат дека нивните производи нудат „потполна заштита“ од корона вирусот, пренесуваат Независне.
Дваесет лица се обвинети за лажно огласување и запленети се илјадници маски за лице, прочистувачи на воздухот, па дури и хартиени штитници за ВЦ школките, наведува полицијата.
Лажното огласување се казнува со затворска казна во траење до две години, соопштила Гуарда ди Финанза.
По избивањето на епидемијата на корона вирусот луѓето во неколку дела на Италија ги раззеле маските за лице и геловите за раце, што причинило голем скок на цените.
На прес – конференција во Рим, Министерот за надоврешни работи, Луиџи ди Маио рекол дека Владата размислува за усвојување на мерки за намалување на цените, но истакнал и дека на поголемиот дел од луѓето не им се потребни маски.
Светската здравствена организација вели дека маските треба да се носат само во случај на редовен контакт со заразените лица, како и оние што имаат кашлица.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025