Правда

„Милка“ под истрага: Полесно, а поскапо?

Центарот за заштита на потрошувачи во Хамбург го обвинил произведувачот „Монделез“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без адекватно известување на потрошувачите, што довело до судски спор поради наводната измамничка деловна пракса.

Според наводите на организацијата, чоколадните табли од брендот „Милка“, со непромент дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажба истовремено пораснала од 1,49 на 1,99 евра, пренел Шпигл.

Случајот го разгледува Регионалниот суд во Бремен, кој би требало да ја донесе пресудата за спорот. Во текот на почетното рочиште судот оценил дека случајот би можел да биде пример за измамничко пакување.

Хамбуршкиот ценар за потрошувачи тврди дека станува збор за пракса позната како „shrinkflation“, односно намалување на количината на производот со задржување на истата или ставање повисока цена, што потрошувачите ги доведува во заблуда бидејќи визуелниот идентитет на производот останува непроменет.

Од компанијата „Монделез“ го отфрлаат обвинението и наведуваат дека новата тежина е јасно наведена на пакувањето, како и дека потрошувачите за промените биле известени по пат на официјлната интернет страница и социјалните мрежи.

Компанијата како причина го наведува растот на трошоци во снабдувањето, вклучувајќи го и поскапувањето на суровини.

Чоколадото во последните неколку години значајно поскапело на европскиот пазар поради проблемите со производство на какао во Западна Африка, каде неповолните временски услови и билните болести ги намалиле приносите.

Според податоците на статистичките институции, цената на чоколадото во просек е значајно повисока од 2020 година, што влијаело и на потрошувачките навики.

Извор: b92.net