Масовен штрајк на поштарите во Канада
Работниците во „Канадска пошта“ вчера започнаа штрајк низ целата држава, по апелот на канадската Влада до компанијата да спроведе опсежна реформа со цел да ги подобри своите финансии и да го обнови своето работење, објави Канадскиот синдикат на поштенски работници.
„Како одговор на нападот на Владата врз нашата поштенска служба и работници, сите членови на синдикатот во „Канадска пошта“ моментално штрајкуваат низ целата земја“, соопшти синдикатот.
„Канадска пошта“ објави дека нејзините активности ќе бидат стопирани заради штрајкот и дека нејзините потрошувачи можат да очекуваат одложувања во доставата. “Разочарани сме што синдикатот одлучи да ги засили своите штрајкувачки активности”.
Компанијата додаде: „Разочарани сме што синдикатот одлучи да ги засили своите штрајкувачки активности, што дополнително ќе ја влоши финансиската состојба на „Канадска пошта“”, пренесоа британските медиуми.
Претходно вчера, канадската Влада ѝ наложи на „Канадска пошта“ да започне со големи измени во своето работење, изјавувајќи дека компанијата се соочува со структурни проблеми кои, поради ќор-сокакот во преговорите помеѓу работниците и раководството, ја ограничиле нејзината способност за прилагодување, предизвикувајќи зголемени загуби.
Владата исто така посочи дека состојбата е неодржлива, дека компанијата е во лоша финансиска состојба и дека постојаните интервенции од страна на државата и финансиската помош на компанијата не се долгорочно решение. Беше додадено дека се разгледува можноста за зголемување на цената на поштенските марки.