Вести

Лекција по трудово право: Протест или штрајк, која е разликата?

Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Протест или штрајк, која е разликата?
Правото на протест, како и правото на штрајк претставуваат основни, уставно загарантирани права кои им се обезбедени на граѓаните. Меѓутоа многу често во јавноста се прави превид за тоа што всушност претставува протестот, а што штрајкот.
Протестот е изразување на мислењето, најчесто незадоволството на граѓаните поврзано со одредени состојби или определени дејствија на државата и нејзините институции. Протестите најчесто се поврзуваат со заштита на граѓански права, додека штрајкот е карактеристичен за правата од работен однос, иако неспорно е дека може да се јават протести поврзани со незадоволството на работното место.
Штрајкот претставува организиран прекин на работата со цел заштита на економските и социјалните права од работен однос на работниците. Штрајкот се уредува со Законот за работни односи, додека пак правилата за организирање на јавни протести се содржани во Законот за јавните собири.
ПРАВИЛНО е да смета дека работниците не смеат да бидат доведени во понеповолна положба од другите работници само затоа што организирале или учествувале во штрајк кој е организран согласно правилата во ЗРО.
ПОГРЕШНО е да се смета дека протестот и штрајкот всушност се исти термини. Често протестите со искажување на незадоволство заради одредени состојби може да му претходат на штрајкот меѓутоа истите не се задолжителен дел од постапката на започнување на штрајк.
Проф. д-р Лазар Јовевски