МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Кои фирми се ослободени од исплата на К 15?

Обврска за исплата на К-15 имаат имаат сите работодавачи согласно Општиот Колективен за приватниот сектор, вели Санела Доневска од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС за платформата „Само Прашај“.

„Помал износ на К-15 можат да утврдат и исплатат работодавачите коишто во текот на своето работење е соочиле со потешкотии, односно со потешкотии во својата финансико – економска состојба, но задолжително со претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка и по потпишана спогодба со репрезентативната синдикална организација“, вели Доневска.