ПравдаСветот на работникот

Платата се исплаќа на сметка на работникот најдоцна до 15 -ти во месецот

Дилемата за тоа до кој датум работодавачот треба да ја исплати платата за извршената работа во текот на изминатиот месец, сеуште постои кај одредена група на работници. Според платформата за работнички права – „мој труд, мои права“ ова е едно од најчесто поставуваните прашања на оваа платформа.

Платформата пишува дека платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна идниот прв работен ден.
Работодавачот е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Голем дел од работодавачите, особено во приватниот сектор, не го почитуваат овој рок, па многу работници земаат плата подоцна од рокот којшто закнски е определен.