- Advertisement -
Правда

Матурантите кои имаат училишна матура на протест, бараат можност да го продолжат образованието

188views

Средношколците кои лани не положиле државна матура, бараат и тие како и овогодинешните матуранти да бидат изземени, односно да не полагаат, а да имаат право да се запишат на некој од факултетите во земјата. Се работи за над 1400 средношколци, кои сметаат дека ќе бидат дискриминирани, а во услови на пандемија постои и опасност по нивното здравје.

– Не знам колку ќе биде добро да се собереме во поголема бројка, бидејќи ние не сме група од 50 луѓе, ние сме над 1400 матуранти, изјави Кирил Геогриев.

Средношколците и лани го актуелизираа овој проблем. Велат дека не биле на време известени дека не ќе можат да го продолжат своето образование доколку имаат положено само училишна матура.

– Ние останавме да чекаме за оваа година. Кога ги донесоа мерките за матурантите, ние веќе сме пријавени како вонредни матуранти и годинава истото ни се случи. Министерот повторно не дозволува ние да се запишеме, односно треба да полагаме државна матура, изјави Марија Михајлова.

Завршените средношколци се заканија дека доколку министертвото за образувание се оглуши на нивните барања, ќе бидат принудени да преземат по радикални чекори.

Извор: Сител

Advertisement