МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

МДС: Нашите барања МНР воопшто не ги зема во предвид

   Време за читање 2 минути

Македонскиот дипломатски синдикат при Синдикатот на администрација и државна управа  – САДУ во соопштението за медиуми апелира на неисполнувањето на нивните барања од страна на Министерството за надворешни работи.

„Побаравме одговор од раководството на МНР на нашите забелешки на предлог текстот на Законот за надворешни работи – не добивме одговор; Побаравме да запре централизацијата на моќта во МНР во раце на еден човек – не добивме одговор; Побаравме да се укине новата Систематизација со која е направена „сеча“ , одн. бескрупулозно деградирање на повеќе од 30 дипломати за кои денеска се водат судски спорови – не добивме одговор; Побаравме задржување на сите вработени под иста законска капа – не добивме одговор; Побаравме престанок на реваншизмот од сите видови и подвлекување црвена линија на „Доста беше“ –  не добивме одговор; Побаравме вклучување на Македонскиот дипломатски синдикат како субјект во внатрешните акти на МНР – не добивме одговор; Побаравме вклучување во Комисијата за упатување дипломати на работа во дипломатско-конзуларните претставништва во странство – не добивме одговор; Побаравме увид во Извештаите за завршени подготовки на кандидатите за амбасадори – не добивме одговор; Побаравме сервисирање на уплата на кредити за купување стока за широка потрошувачка на членовите на Македонскиот дипломатски синдикат од страна на МНР, нешто што сите институции во земјата го прават – не добивме одговор; Побаравме повлекување на предлог Законот за надворешни работи кој спротивно на волјата на најголемиот број вработени во МНР упорно и на сила се турка – не добивме одговор;

Со глава длабоко ноевски закопана во песок, без да се има намера воопшто и да се сослушаат тие на кои би се однесувале правилата, не гледаме дека се има визија за иднината, ниту пак капацитет за реформа, трансформација, а најмалку пак напредок на нашата дипломатија. Како синдикат непоколебливо ќе опстоиме на барањата за дигнитет и подигнување на квалитетот на дипломатијата како служба, но исто така и на дигнитетот и квалитетот на живот на сите вработени“, истакнуваа од Македонскиот дипломатски синдикат во соопштението.