Медицинските сестри не можат да одат на боледување и кога се позитивни на корона вирусот
На медицински сестри во три болници во Њујорк им е „препорачено“ да работат и покрај тоа што имаат симптоми на корона вирус.
Се случува и ако им дозволат да земат неколку слободни денови за да се опорават, да ги стават во распоред за неколку денови.
Една медицинска сестра од болница во Бронкс која сакала да остане анонимна, рекла дека имала благи смиптоми седум дена пред да добие позитивен резулатат на тестот, пренесуваат њујоршките медиуми кои пишуваат за сестрата која дала отказ, бидејќи не и дозволиле да ја носи својата маска н95, бидејќи според прописите сите мораат да имаат иста униформа, а на работа немало доволно болнички маски.
Сестрата од болницата во Бронкс додава дека кога им ги соопштила на нејзините надлежни резулататите од тестот, и рекле дека може да работи и покрај наодите кои покажуваат можност за пренос на вирусот најмалку две недели.
Не ми дадоа додатни седум дена, за да ги заштитам моите пациенти и своите колеги, рекла таа за Њујорк Делји Њус.
„Ни велат дека мораме да ги искористиме своите денови предвидени за боледување за нешто што ни се случило на работа“, рекла сестрата и додала дека барала додатни денови, бидејќи сакала да помогне, а не да придонесе за нови заразени.
Сестрата од другата болница, Лилиан Удел рекла дека по седум дена во самоизолација му се јавила на надлежниот кој и рекол дека очекува да се врати на работа.
„Чувствував притисок да се вратам пред да оздравам и покрај вината поради она што моите колеги мораа да го поминат, додека бев на боледување“, рекла и додала дека многумина размислуваат за тоа кој ќе им го плати кредитот, а кој ќе ја плати ќиријата, па се враќаат на работа.
Помеѓу останатите и Њујорк пост вчера пишувал за сестрата Вера од Илионис која објавила снимка на која плаче и тврди дека дала отказ бидејќи во болницата каде што имало малку маски, не и дозволиле да ја користи својата која случајно ја имала во чантата.
„Америка не подготвена, а сестрите не се заштитени“, рекла Вера во видеото кое пораншениот американски кандидат за претседател, Берни Сандерс го споделил со своите речиси 10 милиони следачи.
Таа изразила жалење и поради тоа што на болниците и се важни стандардите – сите да бидат исто униформирани, отколку некој да се заштити, како што таа сакала да ја користи својата н95 маска.
Вера рекла дека не помогнало, ни кога на менаџерот му рекла дека знае дека нема доволно маски и го замолила да ја носи својата, за да се чувствува посигурно.