- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

МЗЗПР одржува тридневна обука за безбедност и здравје при работа

МЗЗПР - Работник
131views

Денес на 26.01.2021, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС заедно со Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР како поддршка на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, проект што го финансира Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, започна тридневната обука – работилница за припадниците на Безбедност и здравје при работа – БЗР.

Обуката ја водат експерти од областа на БЗР, дел од предавањата ќе ги води проф. др. Агим Шакири експерт во полето на БЗР и учесник во изготвување на првиот закон во Македонија за БЗР.

Advertisement

Оваа работилница се одвива преку интернет платформата ZOOM во живо, каде што освен предавањата, предвидени се интерактивни активности преку прашалници и др.

Денеска се одржа првиот дел од обуката, каде што се зборуваше за безбедноста и здравјето при работа и превентивната култура, односно за тоа како треба да се заштитат вработените на работните места. Исто така беше опфатена и темата за проценка на ризик на работното место што е една од најдобрите алатки да се утврди ризикот на работното место. Свои излагања имаа м-р Милан Петковски, претседател на МЗЗПР како и Благоја Ралповски, претседател на КСС. На прввиот дел од обуката учествуваа претставници од повеќе гранкови синдикати при Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

Advertisement
Advertisement