МакедонијаПравдаСиндикат

Мизрахи: Под претседателство на Царовска, Економско-социјалниот совет работел незаконски

   Време за читање 3 минути

На денешната прес конференција ќе го обелодениме криминалното самоволие на поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска и нејзините лицемерни политики за грижа во социјалната политика, рече Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

„Во оваа прес конференција ќе ја информираме јавноста а воедно и истражните органи на Република Македонија за работата на Економскo социјалниот совет со кој претседаваше тогашната министерка Мила Царовска. Станува збор за грубо прекршување на Деловникот за работа на ЕСС во неколку одржани седници на Економско социјалниот совет“, истакна Мизрахи.

На 35-та седница на Екомско социјалниот совет одржана 30.06.2017 година, Мила Царовска  побарала да биде донесена дополнителна точка на дневниот ред за измена на Деловникот за работа на ЕСС на што се спротиставија членовите на репрезентативните синдикати и истите се изјасниле дека не биле известени за промените во дневниот ред и со тоа ја напуштиле седницата на Советот.

Таа наведе на 35 седница на Економско – социјалниот совет одржана на 30. 06. 2017 година, Мила Царовска побарала да биде донесена дополнителна точка на дневниот ред за измена на Деловникот за работа на ЕСС на што се спротивставиле членовите на репрезентативните синдикати и истите се изјасниле дека не биле известени за промени во дневниот ред и со тоа ја напуштиле седницата на Советот.

Мизрахи наведе дека согласно членот 8 од Деловникот за работа на Советот, седница се одржува доколку присуствуваат најмалку три претставници на Владата на Република Македонија и најмалку три претставници од социјалните партнери, а согласно членот 3 од истиот Деловник седниците на Советот се свикуваат со предлог дневен ред најмалку 8 дена пред одржувањето на седницата.

„За самоволието и криминалното работење на Мила Царовска како претседател на ЕСС, говори и тоа дека неколку наредни седници поточно на 36-та, 37-та и 38-та седница на Советот каде било дискутирано за низа на популистички мерки истите биле усвоени без потребниот кворум за работа на Економско социјалниот совет што е спротивно на Деловникот за работа на Советот како и Спогодбата за основање на Економско социјалниот совет а за истото грубо прекршување на Деловникот за работа беше посочено и од членовите на репрезентативните синдикати на 40 седница на ЕСС одржана 26.12.2017 година. Воедно известуваме дека за сите овие против правно одржани седници на Економско социјалниот совет кои се водени без потребниот кворум, повторно е извршено грубо прекршување на Деловникот согласно член 12 став 4 и 5 во кој Записникот се усвојува на наредната седница на Советот, а спротивно на тоа претходно споменатите седници Мила Царовска ги усвојува и потпишува на 05.01.2018 година“, рече Мизрахи.

Таа го повикува Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да го преиспита овој случај и незаконското работење на тогашниот претседател на Економско социјалниот совет, Мила Царовска и по истото да постапи согласно одредбите од Кривичниот законик на Република Македонија.