Минаа измените на Кривичниот законик
Нов кривичен законик по 27 години и веднаш барање за измени. Пратениците со 61 глас „за“ го изгласаа новиот законски текст, кој според надлежните, би требало да ја подобри правната сигурност на граѓаните.
Но, двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов побараа нова измена, по брза постапка, за да не можат лесно да застаруваат делата за корупција. Предлогот, според Апасиев, се однесува и за кривичното гонење и за извршувањето на казната.
Потребата од измените кои ги предложи Левица пак, поминаа со 63 гласа „за“ од владејачкото мнозинство, како и Апасиев и Крмов, со што измените заминаа на комисиска расправа.
Носењето на новиот Кривичен законик пак, помина без подрршка од опозициските партии. Со измените, се воведе и ново кривично дело „екоцид“, а делот за борба против измама за финансиски интереси се изедначи со Директивата на Европската Унија.
Откако кривичниот законик ќе влезе биде објавен во Службениот весник, нападите врз новинари и медиумски работници ќе се сметаат за напад врз службено лице, за што се залагаа и новинарските здруженија, а за што е предвидено затворска казна од шест месеци до три години. Законот стоеше во собрание заглавен речиси две години.
Процесот за донесување на новиот Кривичен законик е поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

