МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Министерство за култура: Надминат проблемот со платите

Министерство за култура - Работник
130views

Социјалните партнери, Министерството за култура и синдикатите од културата, СОНК и СКРМ, на денешната средба заклучија дека причините за проблемите поради кои доцнат платите за јули во културата се надминати и дека исплатата на платите започнува веднаш за оние институции што се подготвени, соопшти попладнево Министерството за култура.

„Другите ќе ги добиваат платите етапно, по усогласување на систематизациите во институциите“, соопштија од Министерството.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, ги повика институциите кои немаат донесено нови систематизации во согласност со новиот Колективен договор, тоа да го сторат во најбрз можен рок, и на тој начин да ја почнат исплатата на платите, а со тоа да почнат во целост да го применуваат Колективниот договор кој стапи во сила во јануари 2020 година.