Словенчкиот гигант ја угасил фабриката после 80 години, производството го преселил во БиХ
Словенечкиот произедувач на обувки Алпина, со долга традиција која се прибилжува до осум децении, влегува во нова фаза на работењето по продажбата на дел од недвижности во Жирим.
Зградата на компанијата во центарот на ова место во Словенија ја презела домашната фирма Месарство Облак, која планира проширување на своите капацитети, но и развој на дополнителни содржини на таа локација.
Директорот и ко-сопственик на компанијата, Јанез Облак, за Дело потврдил дека минатата година биле купени околу 40,000 квадратни метри имот од Алпина, додека помал дел останал во сопственост на произведувачот на обувки, пренесува Biznisinfo.ba.
Производството го преселиле во Босна и Херцеговина
Според достапните информации, Алпина претходно донела одлука за продажба на делот од имотот откако производството го преселила во странство, вклучувајќи ја Босна и Херцеговина и Кина.
Biznisinfo.ba потсетува дека оваа компанија одамна има своја фабрика во Тешња, во која го преселила дел од своето производство од угаснатата фабрика во Словенија.
Новиот сопственик планира во наредниот период да ги уреди погоните за преработка на месо, но и да ги развива туристичките и деловните содржини, вклучувајќи го хотелот, ресторанот и канцеларискиот простор за изнајмување.
Промена на индустрискиот простор
Месарството Облак веќе е присутно на европските пазари, вклучувајќи ги Данска, Шведска, Германија, Швацарија, Италија и Хрватска. Компанијата во 2024 година остварила приходи од 54,8 милиони евра, со раст во однос на претходната година, додека вработувала повеќе од стотина работници.
Оваа трансакција воедно ја означува значајната промена на намената на индустрискиот простор во Жирим, каде наместо производство на обувки би можела да се развие прехрамбена и туристичка дејност.
Извор: b92.net

