МИОА: Ги повикуваме граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата СтопКорона, да се заштитиме себе и нашите најблиски!
Министерството за информатичко општество и администрација ги повикува уште еднаш сите граѓани да ја инсталираат апликацијата СтопКорона.
“Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата”, велат од МИОА.
Порачуваат дека безбедноста на граѓаните и нивните најблиски е најважна.
Апликацијата СтопКорона , брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на тие коишто ги сакате.
Бидете одговорни за себе и одговорни за сите кои ги сакате, велат од МИОА.
Апликацијата може да ја преземете од следниов линк: http://stop.koronavirus.gov.
Извор: Влада

