- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Митровски ги оцени надлежните со 10 -ка за работење спротивно на она за што се платени

Митровски ги оцени надлежните со 10 -ка за работење - Работник
294views

Во петокот, Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека ќе бидат вклучени и претставниците на работници во туристичко – угостителскиот сектор во консултацијата за дополнителните мерки коишто би биле креирани доколку има потреба.

Роберт Митровски, Претседател на  синдикатот за угостителство и туризам му се заблагодари на Министерот Бектеши за неофицијалната покана и изрази надеж дека нема да присуствуваат на „монолог“ во кој нема да бидат слушнати барањата и сугестиите на синдикатот.

„Изјавата на Министерот ја толкуваме како храбар потег затоа што за првпат ќе бидат поканети и слушнати независни синдикати од приватниот сектор“, вели Митровски за порталот Работник. 

Митровски: Најголем проблем во приватниот сектор е организирање на синдикат

На прашањето на порталот Работник, што треба да се реализира за да се заштитат правата на работниците во туристичко – угостителскиот сектор, Митровски нагласува дека еден од најголемите проблеми е организирање на синдикат во приваниот сектор. 

„Доколку вистински се поработи на овој проблем, гарантираме дека ќе бидат намалени отпуштањата, не само на вработените во угостителството, туку и во другите сектори на стопанството, и што е најважно работниците ќе добијат храброст која во моментов недостасува“, вели Митровски.

Министерството за труд и социјална политика, инспекторатот за труд работат спротивно за тоа што се платени

Во однос на прашањето колку според синдикатот, инспекторатот за труд е ажурен во својата работа, Митровски посочи дека ќе им биде важна средбата со директорот на Државниот трудов инспекторат кој според нивни сознанија сака да го поправи угледот на институцијата која во моментов и не е толку ажурна.

Истакна дека од него лично, како Претседател на СУТ имаат „оценка 10-ка“, но не само тие, туку и надлженото министерство, а вели дека истата оценка му ја дава и на Агенцијата за вработување кои него како Претседател на синдикат дозволиле незаконски да биде избркан од работа.

„Се ближи денот кога ќе ги исповратат сите ќебапи, кременадли и торти, кои некои од нив ги изедоа со сласт, работејќи спротивно на тоа за што се платени“, вели Митровски. 

Бобан Илијевски