Светот на работникот

Позиции кои нема да ги пронајдете во огласите – носат голема заработка, но до нив постои „посебен“ пат

Иако хрватскиот туризам расте и се проширува на цела година, сѐ повеќе работници ги доведуваат во прашање платите во сезона. Дискусијата на Reddit ја отворила темата за платите, вработувањата и реалните услови за работа во туризмот.

Иако Хрватска со децении е позната како една од водечките туристички дестинации на Медитеранот, сѐ е појасно дека туризмот повеќе не се сведува само на летната сезона, пишува Dnevno.

Туристичката понуда се шири во текот на целата година, па сѐ повеќе гости доаѓаат вон главната сезона. Особено растат планинскиот туризам, термалните бањи, селските домаќинства и националните паркови како Плитвица и Велебита, како и градските манифестации како Адвент во Загреб.

Меѓутоа, и покрај растот на бројот на туристи и развојот на понудата, сѐ почесто се поставува прашањето – колку навистина се исплати работењето во хрватскиот туризам?

Расправа која ја започнала темата за платите

На Reddit еден корисник започнал дискусија која брзо привлекла внимание, со тврдењето дека платите во туризмот се значајно пониски од претходните години и дека добро платени позиции тешко се наоѓааат преку огласи.

„Каде се добро платените позиции во хрватскиот туризам? Гледам само странци како работат, а платите се ниски“, навел корисникот.

Тој додал дека саатнините најчесто се околу 9 евра, додека претходно сезонските работници, особено келнерите, можеле да заработат значајно повеќе во текот на летото. Исто така навел дека во хотелите и рестораните сѐ почесто се вработуваат странски работници, додека локалните тешко наоѓаат подобро платени позиции.

„Добрите позиции одат преку врски“

Во коментарите се појавиле различни размислувања, а многу корисници тврдат дека до најдобро платени позиции во туризмот најчесто се доаѓа преку препораки и лични контакти.

„Секоја добра работа оди преку препораки, огласите можеш да ги заборавиш“, напишал еден корисник.

Други истакнуваат дека заработките во минатото биле поголеми, но дека денес куповната моќ е помала, како и дека сезоната е пократка и организациски поизисикувачка.

Реалност на сезонската работа

Дел од коментаторите сметаат дека најплатените позиции во туризмот ретко се огласуваат јавно. Тие се пополнуваат однапред, низ познанства и долгогодишни контакти.

Други наведуваат дека сезонската работа сѐ повеќе зависи од комбинирање на повеќе позиции, бидејќи самата сезона често трае кратко и не обезбедува стабилен годишен приход.

Се споменуваат и различни модели на заработка – од високи бакшиши во одредени локали, до позиции со солидна саатнина, но ограничен број на работни часови.

Туризам без „лесни пари“

Иако хрватскиот туризам бележи раст и сѐ подолга сезона, сѐ поизразено е мислењето дека сезонската работа повеќе не гарантира високи плати како претходно.

За многу работници останува проблемот на комбинација на кратките сезони, високите трошоци на живот и различните плати во секторот кој и понатаму претставува еден од клучните столбови на економијата.

Извор: Bizportal.rs