Мицкоски: Месецов нова инвестиција со 200 работни места
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека во завршна фаза на преговори се со околу 15-тина инвестиции. Како што рече дел од нив се завршени, со дел преговараат, а со дел од нив сме во потесна конкуренција со некои други земји.
Очекувам дека со огромен процент на реализација овие инвестиции ќе бидат успешни. Очекувам овој месец на една таква инвестиција со нови 200 работни места и околу 25 милиони евра инвестиција, да се стави камен темелник. Друга да се пушти во април месец. Некаде меѓу март и јуни барем нови 5 инвестиции, да се стави камен темелник или да се донесе одлука за инвестирање во земјава, посочи Мицкоски.
Претседателот на Владата истакна дека овој тренд на инвестиции очекува да биде поголем до крајот на годината.
-Со засилувањето на инвестициите ќе бидеме во регионот држвата со најголем број странски директни инвестиции по глава на жител – рече Мицкоски.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025