Бизнисменот Сенад Рамовиќ со одлична вест за жителите на Долнени: Обезбедени 9 милиони евра инвестиции со кои ќе се отворат 500 нови работни места!
Почитувани мои Долненци!
Ми претставува особена чест и задоволство што можам да ви соопштам позитивна и корисна вест за сите жители на Општина Долнени.
Денеска заедно со мојот партнер од Хрватска, Драган Грегурац кој е успешен бизнисмен и советник во Владата на Република Хрватска за надворешна политика и преседателот на комората на деловните субјекти во 100 % доминација на американски граѓани за Европа, Тео Ковалски, потпишавме PPP финасиски договор за меѓусебна соработка и инвестиции во Република Северна Македонија заедно Oaktree capital management fond.
Овие инвестици се наменети исклучиво за Општина Долнени и се во висина од 9.000 000 евра. Едниот дел е насочен за регионален центaр за изработка на стоматолошки помагала, а другите средства се наменети за преработувачки центар на земјоделски производи погодни за тоа поднебје што ќе се стави крај на долгогодишниот проблем што го имат граѓаните на општина Долнени. Во план е во првите 6 до 18 месеци да се вработат околу 500 луѓе што драстично ќе се намали невработеноста во општината.
Како што знаете јас мојата подршка несебично му ја дадов на кандидатот на Сдсм Исуф Синани и заедно обезбедивме во секое село на годишно ниво по ископ на питка вода за 5 семејства. Се обврзавме заедно да ги асфалтиравме сите улици, сите патишишта и да доведеме ред со кумуналната хигиена. Обезбедивме средства за стипендија за секој ученик во средните училишта и помош на сите ранливи семејства. Се обврзавме бидејќи ја познавам способноста на Синани дека од Долени ќе направи пристојно, урбано и модерно место за живеење.
Затоа почитивани мои Долненци во недела имате избор за една сосема поинаква општина во најбрз краток рок, или општона во која секојдневно ќе се збори за вода, пат и комунална нехигиена. Изборот е ваш!
Фејсбук статус на Сенад Рамовиќ – бизнисмен
Долнени, Општина, Сенад, Синан

