Мицкоски: Платите во основното и во средното образование ќе бидат повисоки од овој месец
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ветувањето за поголеми плати во образованието, рече:
„Да, да, па од овој месец треба да се, платата во основното и во средното образование да биде повисока 5 проценти, мислам сега во ноември за октомври, практично таа што е исплатена. Во април 2025, практично од мартовската плата ќе бидат за дополнителни 7 проценти. Април 2026 – од 7,5 до 10 проценти во зависност од кондицијата на буџетот. Април за март практично 2027 повторно од 7,5 до 10 проценти и веќе април 2028 за март 2028 од 10 до 12,5 проценти. Така што минимум во овој временски дијапазон просечната плата во образованието ќе биде зголемена 46 проценти, а максимум до 60 проценти, што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво. Дали е доволно? Не е доволно. Но, тоа е во рамките на нашите можности бидејќи во моментот, ако просечната плата во државата е повеќе од 41.000 денари, во образованието таа е 9.000 денари помалку, околу 32.000 денари“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.